Бон-Тон
Колку знае за бон-тон еден слон тежок еден тон? Мајмунот го чукна по глава, лавицата за опашка ја згазна. Што мака им ово слон што не знае за основен бон-тон?
Извор
„Каде се раѓа песната“, 1992
Нарација
Маја Андреевска
Илустрација
Сања Јовановска
Времетрање
1 мин.
ЗА АВТОРОТ
Данило Коцевски, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982). На Интередисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет ги држел вежбите по теорија и практика на новинарството. Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на осумдесеттите години. Член на Друштвото на писателите на Македонија станал во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели основач е на здружението на Независните писатели на Македонија, во текот на 1993-1994 година.
Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец“, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата. Денес е член на Управниот одбор на македонскиот ПЕН, и главен уредник на неговата книжевна ревија.
Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година и оттогаш објавува континуирано се до денес. Познат е пред секако книжевен критичар и теоретичар. Но, пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски“ на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештрово неговата драма „Од првиот здив’ (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.
Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје. Еве дел од неговата библиографија:
Книги од книжевната критика и теорија: „Да и Не“, Култура, 1981, „За новите тенденции“, Наша книга, 1984, „Сепак се движи“, Македонска книга, 1985, „Критиката како заблуда“, Македонска книга,1986, „Поетиката на пост модернизмот“, Култура, 1989, „Антиномиите на критиката“, Мисла, 1992, „Модерно и пост модерно“, Македонска книга, 1993, „Нови есеи“, „Наша книга“, 2001, „Побуна на интелектуалците“,Дело, 2007, „Патиштана критиката“, Макавеј, 2009, „За книжевноста до последен здив“,Галикул,2015, „Пикасо го изеде јаболкото и тоа му рече благодарам“,Макавеј, 2018 и др.
Романи: „Одисеј“, Култура, 1991, „Ќе одиме ли кај Џо“, Детска радост, 1992, „Јустинијана, градот кој го нема“, Култура, 1999, „Роман за Ное“, Слово, 2003, „Пиколомини пред портите на Скопје“, Три, 2005.
Поезија: „Каде се раѓа песната“, Детска радост, 1992, „Поетовата смрт“, Култура, 1995
Драми: „Мистер Бекет“ („Од првиот здив“), изведена во Драмскиот театар 1995 година, награда „Ристо Шишков“ за артистот Диме Илиев истата година, „Еразмо Ротердамски“, награда на конкурсот на МНТ за драмски текст, „Кабаре Скопје“, кабаретска претстава за некогашно и современо Скопје, изведена во МКЦ 2002 година, во продукција на Дирекцијата за култура и уметност…
Кратки прози: „Патување за Аркашон“, Мисла, 1989, „Магијата на Скопје“, Дирекција за култура и уметност, 1996, “Го сакам Скопје“, Скопско лето – Дирекција за култура и уметност, 2000,,„Белешките на осамениот шетач“, Аз-Буки, 2002 „Чај од јужните мориња“, Магор, 2006, „Скопски легенди“, Дирекција за култура и уметност“,2017.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.