Вселенски брод во форма на планетата Земја??? Згора на тоа и црвена панделка со испишан поздрав до целата вселена и сите космонаути… Теа се стекна со висок космонаутски чин – заменик на командантот!
Виктор и ја објаснува разликата меѓу вселенскиот брод и оној кој плови по вода. Но, неговата сестричка Теа никако да свати. За неа брод си е брод. Но, тогаш на Виктор му текна како да и објасни. За да го дознаете и и вие одговорот слушнете ја приказната.
Виктор сака да оди во вселената како Јуриј Гагарин, но сеуште е многу малечок. Слушнете ја приказната како неговиот дедо му објаснува за времето, кое што во вселената минува со светлосна брзина.
Сте се запрашале ли некогаш колку ѕвезди има на небото? Ова прашање го мачи и Виктор. Неговата сестричка Теа постојано, но, безуспешно секоја вечер ги брои. И двајцата секогаш кога ќе видат како паѓа ѕвезда – си замислуваат по една желба.
Теа е родена на 29 февруари. Братчето Виктор и ги објаснува предностите да славиш роденден на секои 4 години. На Теа многу работи не и се јасни во врска со тоа. Доколку и вас не ви се јасни, слушнете ја приказната и објаснувањата на Виктор.
Виктор ја учи Теа за Млечниот Пат. Случнете ја приказната и научете и вие за сите соѕвездија.
Виктор ја учи сестричката Теа за космонаутика и астрономија. На Теа тешко и е да запомни. Слушнете ја приказната и откријте како се сетил Виктор да ја научи Теа и да ја натера сѐ да запомни.
Малата Нела се забавува и ги учи буквите. Досетливи и хумористични примери низ кои најмалите ќе можат да ги научат буквите од азбуката, да ги артикулираат правилно, а секако и полесно да ги запомнат и распознаваат со помош на интересните илустрации.