Пепелашка од Аеродром (Кој добрина в срце гнезди)
Кој добрина в срце гнезди, тој убав живот има, ама убав животот и на другите го прави. Зошто речено е така, едното со другото да оди, праведниот благоста вишна да го следи, ама и троскотот земски да го траска…
Современ драмски текст за Пепелашка од наше време, која со сиот свој кич го носи бремето на својот чевел.
Извор
„Кој добрина в срце гнезди“
Нарација
актерска екипа
Илустрација
Времетрање
2ч:04мин.
ЗА АВТОРОТ
Слаѓана Милосављевиќ (З.Андреевска) е родена на 10.05.1968 година. Живее и работи во Скопје.
Завршува студии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и на Универзитетот за драмски уметности во Белград, насока ТВ и театарска режија.
Во 90те години ја почнува својата авторска дејност како автор, режисер и драматург на театарски драмски дела, меѓу кои: ”Све због удаје”, “Црвените чизмички”-драма за деца, “Чичковата куќа”, “Хари Потер и Дедо Мраз кај нас”,”Вирус” и “Бајка за Дедо Мраз”.
Режира младински тв емисии како “Ефект”, “Пулсирања”, а се потпишува и како комплетен автор, режисер и сценарист во документарните записи: “Матка-еден поинаков свет”и ”Македонски стари народни приказни”.
Работи и како новинар и презентер, потоа како советник за филм при Министерството за култура на РМ, а во 2014 година го создава делото “Кој добрина в срце вгнезди” кое е трилогијата на драмски текстови за млади: “ Пепелашка од Аеродром”, “Девојчето со кибритчињата” и “Мајка”.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.