Кузман (Патување за Аркашон)

Кузман (Патување за Аркашон)

„Патување за Аркашон“ (Мисла, 1989) на Данило Коцевски  жанровски припаѓа на кратката прозна форма, со голем број лирско-епски песни во проза во нив. Поделена е во неколку сегмента:

– Камилица, раскази посветени на старо Скопје, особено на некои личности и места кои не само што го одбележале градот Скопје , туку и животот на авторот како Крлежа, Копола или Сули –ан, Црквата Св. Димитрија…

-Рибари, раскази посветени на личности и места од с.Трпејца, Охридско. Станува збор за лични експресии на авторот, негови доживувања, вистинити приказни, лично доживеани или прераскажани;

– Патување за Аркашон, раскази од престојот на авторот во Франција, со особен осврт на градовите Аркашон, Париз, Бордо, неговите средби со тамошните личности, како и за посебното и неповторливо доживувања на литературата и уметноста низ автентичните француски сокачиња;

– Соновник(јавето на сонот).

Може ли да се раздели она што е доживеано, прочитано, напишано и сонувано? – Се  тоа се расказите во „Патување за Аркашон“. Ова е дело за гласот кој не постои. А, кој глас постои? Оној на сонот или оној на јавето? Оној на сонот на јавето или на јавето на сонот? Кој би можел во тоа да биде сигурен? Често јавето е само ехо на некој далечен, внатрешен,изгубен свет, кој од необјасниви причини силно проблеснува и исчезнува.

Сложувалка

Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.

Боенка

Бидете креативни, бојте и забавувајте се.

Post a Comment