Четирите реки на Мишима (Четирите реки на Мишима)

Четирите реки на Мишима (Четирите реки на Мишима)
Огнен Коцевски

Kнигата раскази „Четирите  реки на Мишима“ од Огнен Коцевски е книга за потрагата по смислата на животот и осаменоста, за човековата траума и неразбирањето кои произлегуваат од тоа да бидеш различен од другите. Со темелни биографски истражувања на животните драми на генијалните умови, како Исус, Гедел, Кантор, Бетовен, Мишима, Коцевски прави синтеза на спротивставени перспективи, на индивидуалното и историското, традицијата и современото, минливото и вечното. Внатрешниот свет на ликовите, нивните вечни, животни прашања и дилеми, и светот на суровата реалност, авторот ги става во меѓусебен дијалог во кој неретко се јавува и светот и мислите на самиот автор. Тоа се реките на животот кои незапирливо и неминовно се прелеваат една во друга.

Прозата на Коцевски, изобилува со лиризам, интимни исповеди, а се служи со современи раскажувачки постапки, како метафикција, интер текстуалност, дисперзиран наратор. Притоа, успева да изнајде свој, автентичен раскажувачки агол, што го чини особен.

Расказот „Четирите реки на Мишима“ дава потврда на исказот од романот „Коњи во бегство“ на познатиот јапонски писател Јукио Мишима дека: „совршената среќа е возможна ако го претвориш твојот живот во поетски стих напишан со еден излив на крвта“.

Меѓу насловите во овој расказ: Дејствување, Тело, Пишување и Театар, се четирите аспекти кои Мишима ги споменува во каталогот на изложбата Тобу за да го опише својот живот, еден месец пред неговата смрт.

Сложувалка

Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.

Боенка

Бидете креативни, бојте и забавувајте се.

Post a Comment