Павловнија (Четирите реки на Мишима)
Kнигата раскази „Четирите реки на Мишима“ од Огнен Коцевски е книга за потрагата по смислата на животот и осаменоста, за човековата траума и неразбирањето кои произлегуваат од тоа да бидеш различен од другите. Со темелни биографски истражувања на животните драми на генијалните умови, како Исус, Гедел, Кантор, Бетовен, Мишима, Коцевски прави синтеза на спротивставени перспективи, на индивидуалното и историското, традицијата и современото, минливото и вечното. Внатрешниот свет на ликовите, нивните вечни, животни прашања и дилеми, и светот на суровата реалност, авторот ги става во меѓусебен дијалог во кој неретко се јавува и светот и мислите на самиот автор. Тоа се реките на животот кои незапирливо и неминовно се прелеваат една во друга.
Прозата на Коцевски, изобилува со лиризам, интимни исповеди, а се служи со современи раскажувачки постапки, како метафикција, интер текстуалност, дисперзиран наратор. Притоа, успева да изнајде свој, автентичен раскажувачки агол, што го чини особен.
Расказот „Павловнија“ се однесува на дрвото во дворот на црквата Света Софија во Охрид, кое беше исечено во 2015 година. Постои јапонски обичај кога девојката се мажи да и се подари дрвен плакар за кимоно изработен од дрвото павловнија.
Извор
„Четирите реки на Мишима“, 2017
Нарација
Слаѓана З. Андреевска
Илустрација
Времетрање
19мин:49сек.
ЗА АВТОРОТ
Огнен Коцевски (1983) дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде подоцна станува
магистер од областа на културниот менаџмент и човековите ресурси. По
дипломирањето работи во литературната редакција на Младинскиот
културен центар во Скопје, а од 2011 година во државната Комисија за
односи со верските заедници и религиозни групи. Првата збирка раскази ја
напишал на седум годишна возраст, а потоа објавува свои трудови есеи,
раскази и критики во повеќе реномирани македонски списанија: Наше
Писмо, Спектар, Книжевно житие, Акт, Филозофија, и др.
Во 2012 година ја објавува книгата есеи „Кабалата и западната
филозофија“. Неговите истражувања за Кабалата се објавувани во
домашната и светската стручна периодика. Учествува во подготовка на
повеќе значајни публикации од областа на религијата.
Анализи, коментари и критички осврти на верските сосотојби кај нас и во
светот објавува во веб порталот religija.mk, а прозните дела ги објавува во
електронското списание reper.net.mk.
Во 2017 година ја добива престижната награда на УНЕСКО за воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија за
книгата раскази „Четирите реки на Мишима“.
Учесник е на трибини, дебати и конференции од областа на филозофијата и
меѓуверскиот дијалог.
Живее и работи во Скопје.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.