Четирите браќа од планината Рожден
„Четирите браќа од планината Рожден“ од авторот Иванчо Митревски-Мајсторот е новела пишувана по еден дамнешен и за жал вистинит настан. Тоа е трагична приказна за животот на дванаесет годишниот Тодорче, со кого животот уште од најмали нозе сурово си поиграл. Рано останува без родителите. Татко му загинува во трагична несреќа,паѓајќи во провалија со својата запрежна кола, а мајка му загинува заштитувајќи го од страшниот земјотрес, кој ја срамнува нивната мала и трошна куќарака со земја.За момент, на Тодорче му се насмевнува среќата. Го посвојува неговата тетка Стојаница и за него се грижи како за свое дете. Но, среќата не траела долго. Една мрачна ноќ, во нивната куќа доаѓа Божин кој лажно се претставува како трговец и бара од Стојаница да му го даде Тодорче за да му помага во работата, да му биде чирак. Тетка му, несомневајќи се воопшто во намерите на Божин се согласува. Од тој момент почнува тешката и трагична голгота на Тодорче, кој набрзо открива дека – да, навистина е Божин трговец, но тргува со деца….
Романот „Четирите браќа од Рожден“ е дело кое во многу што потсетува на Дикенсоновиот Оливер Твист – мачна и тешка приказна за едно храбро момче кое и покрај сите премрежија што ги доживува со своите другарчиња успева да се спаси не само себе и своите пријатели, туку и злосторниците да ги изнесе пред лицето на правдата.
Извор
„Четирите браќа од планината Рожден“
Нарација
Слаѓана З.Андреевска
Илустрација
Времетраење
1ч:44мин
ЗА АВТОРОТ
Иванчо Митревски – Мајсторот (1942 – 2006) е поет,раскажувач, романсиер,сценарист и еден од најеминентните македонски писатели за деца.
Автор е на книгите: „Дали да се продаде кучето“ (проза 1972), „Добрините на јужното ветре“ (роман за деца 1974), „Нела“ (проза1978), „Нела, буквите и уште нешто“ (кратки раскази 2003), „Андреа и Шќипе“ (кратки раскази ,2004– книгата е преведена и на албански јазик), „Капка роса“(поезија за деца 2004).
Автор е на играната серија за деца „Случки од животот“, „Кај судијата за прекршоци“, тв серија за возрасни. Исто така го има напишано и сценариото за првата детска оперетка „Болната пронцеза“, за која музиката ја напиша проф. Кирил Македонски, а е добитник на трета награда на конкурсот во Загреб во 1976 година.
Добитни е на две трети награди за сценарија за филм од областа на сообраќајот во Скопје во 1982 година. Има добиено прва награда за поезија и проза за деца во Краљево во 1983 година, две први награди за раскази од војната за деца во Словенија, прва награда за детска песна во Пуцарево и дванаесет награди за поезија и проза од војната во Македонија.
Текстописец е за повеќе детски песни за фестивалите „Златно славејче“, „Поточиња“, „Калинка“, „Сидо“.
Неговите дела се поместени и во читанките за основно образование.
Псевдонимот Мајсторот го добива по иницијатива на писателот Глигор Поповски.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.