Песна за стрипче
Детската фантазија ги создава најубавите, најсмешните и најнеобичните игри, кои совршено можат да се преточат во стрипче или пак во цртано филмче. Оваа песна ни раскажува за една таква игра на малата Катерина.
Извор
„Смешни и испревртени песни“, 1991
Нарација
Слаѓана З. Андреевска
Илустрација
Душко Зафировски
Времетрање
1мин:16сек.
ЗА АВТОРОТ
Томе Арсовски (23.09.1928 – 22.04.2007) е македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и преведувач. Завршил Филолошки факултет (Славистика) во Скопје. Од 1951 година работел неколку сезони во Македонскиот народен театар, потем во културната рубрика на „Нова Македонија“. Од 1957 до пензионирањето во 1988 година работел во Македонската Радио Телевизија, како уредник на драмската програма. Бил претседател на Друштвото на писателите, а во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација.
Богатото творештво на Томе Арсовски опфаќа голем број на издадени збирки поезија, проза, драми, романи за деца и млади:
Грст смеа (поезија, 1958); Александра (драма, 1958); Празник на птиците (драмска етида, 1959); Непребол (поема, 1961); Парадоксот на Диоген (драма, 1961); Грст среќа (телевизиска драма,1962); Матурска вечер (драма, 1964); Стотиот чекор (телевизиска драма,1964); Обрачи (драма, 1965); Грдиот Нарцис (телевизиска драма, 1964); Бумеранг (комедија, 1969); Чекор до есента (драма, 1969); Коктел за четворица (телевизиска драма, 1970); Парадоксални раскази (раскази, 1972); Залез над езерската земја (телевизиска драмска серија, 1973); Убавината чекори сама (комедија, 1974); Скок преку кожа (драма, 1976); Исповед на таксистот (монодрама, 1979); Излез во случај на опасност (драми, 1989); Благиот допир на љубовта (драма, 1984); Патување во Таџетакомо (роман за деца, 1980); Зена, ќерка на ѕвездите (роман за деца, 1988); Арис или прва љубов (роман за деца, 1989); Климент Охридски (историски роман, 1989); Кристална планета (роман за деца, 1990); Куќа на четири ветра (роман, 1991); Смешни и превртени песни (поезија за деца, 1991); Петтиот ветар (раскази, 1992); Подводен град (роман за деца и млади, 1993); Телефонот е во прекин (роман за млади, 1993); Диско – штурец (поезија за деца, 1993); Супер девојче (роман за млади, 1994); Нешто убаво ми се случува (роман, 1996); Пурпурно поле (поема, 1996); Дедо Мраз и феферони (комедија за деца, 1997); Марко Крале и Феферона (весела сценска игра за деца, 1997); Дарко Фокси спиди Гонзалес (весела сценска игра за деца, 1998); Жената со птичја глава (раскази, 2000); Пролет зад мојот прозорец (роман за млади, 2001); Мојот прв часовник (сликовница, 2002); Забите на ветрот (роман, 2003); Писмото на еден наркоман (радио игра за млади, 2004); Ангелот од Велгошти (раскази, 2006); Млади и диви (роман за тинејџери, 2007); Кратки драми и монодрами (избор, 2008).
Добитник е на голем број значајни награди и признанија, меѓу кои: Наградата за животно дело „11 Октомври“ во 1988 година; Признание и награда за вкупен придонес во развојот на драмското и театарското творештво доделена од Драмскиот театар во 1988 година; Награда „13 Ноември“ за животно дело во 1998; Награда „Војдан Чернодрински“ на Театарските игри во Прилеп за животно дело во 2001 година; Награда „Феникс“ за животно дело од Собранието на Град Скопје во 2003 година; Награда „Климент Охридски“ во 2004 година.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.