Авантурите на другарите од романот „Ќе одиме ли кај Џо?“ се реални, вистински случувања. Во овој роман е прикажан животот во градот Скопје, во 60-тите години од минатиот век. Една група на деца „другари најверни“, прават секакви палавштини низ калдрмите и тесните улички во Старата Скопска Чаршија.
Романот „Четирите браќа од Рожден“ е дело кое во многу што потсетува на Дикенсоновиот Оливер Твист – мачна и тешка приказна за едно храбро момче кое и покрај сите премрежија што ги доживува со своите другарчиња успева да се спаси не само себе и своите пријатели, туку и злосторниците да ги изнесе пред лицето на правдата.
Слушнете го романот и уживајте во неверојатните авантури на космонаутите со зелените луѓе од зелената планета.