Овошје и зеленчук е различно, а толку слично
Драмски текст претставен низ анимирана илустрација за нашите најмали смешковци да ги научат и засакаат овошјата и зеленчуците.
Извор
Авторски драмски текст
Нарација
Маја Андреевска, Гораст Цветковски
Илустрација
Влатко Зафирковски
Времетрање
4 мин:30сек.
ЗА АВТОРОТ
Мира Ѓорѓиевска е родена на 24.07.1966 во Скопје. Cо своето творење за деца започнува од 1997 год. Отсекогаш ја привлекувала уметноста во различни форми, а од гимназиски денови започнува нејзината љубов кон пишаниот збор. Нејзината желба за студирање била на Академија за актерство, но желбата на родителите била поинаква – педагогијата. Но, кога нешто навистина се сака, патот се пронаоѓа. Завршува студии на Институтот за педагогија при УКИМ и првото работно место ѝ било воспитувач во градинка. Тука ја исполнува својата желба за актерство, но и започнува со творење на драмски текстови, песни, стихотворби и подготовка на големи сценарија за јубилеите и празниците во градинката.
Секојдневниот допир со деца придонесува нејзините авторски дела да бидат блиски,едноставни и прифатливи за децата. Веќе 10 години работи како педагог на градинка и нејзиното творење продолжува во континуитет. Има издадено бројни дела за детските списанија „Смешко“ и „Смешка“, а забрзано работи на издавање на збирка на свои трудови, со што ќе даде позначаен придонес во детската литература.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.