По Млечниот Пат
Виктор ја учи Теа за Млечниот Пат. Случнете ја приказната и научете и вие за сите соѕвездија.
Извор
„Кој сака да биде космонаут“, 2016
* АНТОЛОГ
Нарација
Маја Андреевска
Илустрација
Влатко Зафирковски
Времетрање
2мин:04сек
ЗА АВТОРОТ
Александар Кујунџиски е писател за деца и возрасни, хуморист и сатиричар. Роден е во Пехчево на 1 октомври 1946 година. Основно образование стекнал во училиштето „Ванчо Китанов“ во родното место, гимназија во Берово и во Куманово, а Филозофски факултет во Скопје. Живеел во Пехчево, Штип, Берово, Куманово и во Скопје, а до сопственото човечко и творечко осамостојување работел како хуморист во Радио Скопје, како новинар во Редакцијата за емисии за деца и како уредник на списанието „Ловец“.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1987 година.
Од 1990год. па сè до остварувањето на правото на старосна пензија на 1 октомври 2010 г. е самостоен уметник-писател. Македонски писател со најмногу „стаж“ како самостоен уметник.
Со неговото име е поврзан рекордот по број на книги издадени во текот на една календарска година. Дури 17 наслови во 1994 година! Во 1999-та го основа книгоиздателството Антолог. Посветувајќи се исклучително на литературното творештво и создавајќи дела од сите литературни родови и видови, за сите возрасти сегашни, идни и бивши читатели, Александар Кујунџиски досега објавил 115 книги:
Осилки (1978),За сè и сешто и за друго нешто (1978), Немиренден (1979),Љубов… оф, оф! (1980),Капка по капка – океан (1980),Во ливадите на детството (1981),Мотошишарка (1982),Другарувања (1983), Солитерски сказни (1985) ,Тој е патот, друг нема (1986),Жарко Попарко (1986),Од една до сто и една (1988),Строгодов. (1990),Сцени без завеси (1991),Прободено срце (1991),Пијано виножито (1991),За воскришното џепче (1992),Ја сакаш ли природата? (1992),.Гатанки – катанки – 1 (1993),Азбукарка (1993), Цветови – светови (1993)Сказна за Тумбија (1994) , Трнливи стихови (1994),Џуџести џинови (1994),Нека патува добрината (1994),Збор како бор (1994),Предгорје (1994),Жарко Планинарко (1994),Кажи, па ќе ти кажам (1994),Одберете за вашите приредби (1994),Деветнаесет црвени каранфили (1994),Гатанки – катанки – 1 (ИИ, надополнето издание, 1994),Театарче „Клопотарче“ (1994),. И гатанки, и боенки (1994). Есен (1994). Зима (1994),Пролет (1994),. Лето (1994),За најмалите – најубавите (1995). Чекор по чекор (1995). Повели, детенце! (1995). Зоштковци (1995). Ѕвончето ѕвони (1995). Кралот Ал Со Крпен Шал (1995). Лозинки (1995). Џунгла в соба (1995). Од септември до септември (1995). Денес – забаваче… (1995). …Утре – прваче (1995). На тема, на тема… (1996). Денес празнуваме (1996). Смешна книга (1996). Вреќна Нова година (1996). Нема што нема (1996). Време за зреење и запеење… (1996) …Време за цветање и залетање (1996). За вас, деца! (1996). Од Сметонија до Бонбонија (1997). Гатанки – катанки – 2 (1997). Растеме, растеме… (1997). Добра ноќ, дену! (1997).Загатки и одгатки (1997). Ја сакам природата (1997). Триесет и три итрини (1997). Среќно забавачиња… (1997)…Идни првачиња (1997).Кој ќе ми чита? (1997). Детство – волшепство (1997). Прваче (1997). Вреќна Нова година (ИИ, изменето издание, 1997). Во царството на другарството (1998). 1001 гатанка (1998). Чудни чуденки (1999). Зборовно оро (1999). Чисти артисти (2000). Учам, учам, да научам… (2000). Природо, љубов моја! (2000). Гатанки (2002). Едночинки (2002). Надојдени реки (2002). Басни (2003). Боли глава – без демократија и детски права (сокоавтор, 2003). Мои бои (2004). Букви, укви, кви… (2004). Броеви – роеви (2004). Одлична единица (2005). Новогодишна честитка (2005). Сакам книга (2006). Нова планета (2006). Сцени и сценарија (2006). Распеани песни (2006). Еколошки сказни (2006). Разбој – разнобој (2006). Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо (2006). Весело летување (2007). Шах-мат торта (2007). Моите (не)напишани романи (2007). Спомен среде срце (2007). И од пиле млеко (2007). 100 (2008). Нека ечат песни (2008). Расцветани сказни (2009). Јас – ДедоМраз (2009). ХА И КУ (2010). Зборчиња-изворчиња (2010). Гнездо од бетон (2010). Гулаби над Фуџи (2011). Цреша врз слива (2012).Сонце и месечина (2013). И строфите растат (2013).Хаппѕ роденден! (2014). Смесни пешни (2014). Зообраќај (2014). Уловена смеа (2014). Пијана вселена (2014)
Покрај овие книги, Александар Кујунџиски е еден од составувачите на веќе објавените антологии: антологија на народни поговорки, пословици и сентенции од целиот свет „Книгата дно нема“ (2000), на антологијата на изреки, афоризми, крилатици, максими, мудри, поучни и духовити мисли од познати и непознати автори „Веков е тркало“ (2000), како и на антологијата на изреки, афоризми, крилатици, максими, мудри, поучни и духовити мисли од Македонија „Мисловно досие“ (2010), додека „Сакам книга“ (2006) е преведена и објавена и на албански (Дуа Либëр), турски (Китап истиѕорум), српски (Хоћу књигу), ромски (Мангава лил), влашки, аромански (Вои царти), босански, бошњачки (Волим кнјигу), словенечки јазик (Лјубим кнјиго), хрватски (Заволих кнјигу), германски (Ицх лиебе дас Буцх) и на црногорски (Žелим кнјигу).
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.