Зелените луѓе – ДЕЛ 6
„Зелените луѓе“ од Михо Атанасовски е научно фантастичен роман за деца и млади. Авторот на маестрален начин, во стилот на Жил Верн , раскажува една фантастична приказна и возбудлива сторија која се случува во 2310 година.
Еден вселенски брод управуван од командантот Велјан и со екипаж од шест космонаути, патуваат низ далечните и непознати предели на вселената. Патувајќи и посетувајќи многу планети на крајот слетуваат на една за нив непозната планета. А, на таа планета е се зелено – и камењата и водите и предметите и животните. Се е зелено, зелени се дури и луѓето што живеат на таа планета.
Слушнете ја приказната и уживајте во неверојатните авантури на космонаутите со зелените луѓе од зелената планета.
Извор
роман „Зелените луѓе“
*АНТОЛОГ
Нарација
Маја Андреевска
Илустрација
Времетрање
14мин:39сек.
ЗА АВТОРОТ
Писателот Михо Атанасовски е роден во Скопје во 1934 година. Уште како ученик во гимназијата се јавува со свои песни во весниците и списанијата, па тогаш го доживува и појавувањето на својата прва книга поезија „Очите и измаглините“, која наидува на убав прием и кај читачката публика и кај критиката.
Оттогаш, од појавувањето на неговите први песни во 1952 година, и првата книга во 1955 година, Михо Атанасовски е постојано присутен на страниците на нашиот печат, како и на радиото и телевизијата. Така, досега има издадено над триесетина книги поезија, проза, басни во стихови, препеви, енигматски состави, романи и поезија за деца.
Некои од неговите позначајни издадени дела се: „Никогаш не сум сам“, „Минуваат пролети“, „Божурика“, „Река“, „Скршеното тркало на летото“, „На покривот вечерница“, „Од лав до страв“, „Еден лав плаче од страв“, „Во дворецот на сказните“. Од збирките за деца: „Има еден прозорец“, „Отаде реката“, „Зад девет гори зелени“, „Тутуле бале“, „Пуземаже и Цинцилин“, „Цветот што носи среќа“, „Уличето со обетки од цреши“, „Марко Новинарко“, детските романи како: „Куќичката со бела шамија“, „Кога се сакавме со Тинка“, „Бимбила од другиот свет“, „Зелените луѓе“ и други. „Какви бои има божилакот“ е уште една книга со препеви на народни песни за деца од целиот свет.
Михо Атанасовски од 1955 година професионално се занимавал со новинарство, најпрво во весникот „Нова Македонија“, а од 1958 работел во Радио Скопје, како уредник на емисиите за деца. Пензионирањето во 1997 го дочекал како уредник на Современата радио драма.
Почина во Скопје, во 2008 година.
Сложувалка
Нареди ја сложувалката и добиј ја целата слика.
Боенка
Бидете креативни, бојте и забавувајте се.